За компанијата

БКС Компани Комерц  ДООЕЛ, Скопје, Македонија и B.K.S. Sh.P.K. Приштина, Косово се формирани во 2011 година. Уште од самиот почеток наша цел е да понудиме квалитетни суровини, репроматеријали и адитиви за прехранбената и кондиторската индустрија, а од пред извесно време и функционални суровини за хемиската индустрија – индустрија за производство на средства за лична хигиена, детергенти и средства за перење и чистење во домаќинствата и институциите.

Покрај испораката на квалитетни материјали, на своите коминтенти им помагаме и со стручни совети и консултации како преку нашите вработени така и преку стручните служби на нашите партнери кои ги застапуваме и чии производи ги дистрибуираме.

Сите активности и услуги ги реализираме преку своите компании и магацини – БКС Компани Комерц  ДООЕЛ увоз-извоз со седште во Скопје, Македонија и B.K.S. Sh.P.K. со седиште во Приштина, Косово.

БКС компани комерц и BKS ShPK се овластени дистрибутери на повеќе реномирани фирми од Европа, Малезија, Кина и Индија, за пазарите на Македонија, Косово и Албанија.