Визија и мисија

Нашата мисија почна да се реализира во 2011 година со основањето на двете компании БКС Компани Комерц експорт-импорт ДООЕЛ во Скопје, Македонија и B.K.S. Sh.P.K. експорт-импорт во Приштина, Косово.

Целта на БКС експорт-импорт во Македонија и во Косово е на своите коминтенти да им понуди висококвалитетни, конкурентни и адаптирани производи за сите области на прехранбената и кондиторската индустрија, индустријата за сладолед и конзервната индустрија, а од пред извесно време и функционални суровини за хемиската индустрија- индустрија за производство на средства за лична хигиена, детергенти и средства за перење и чистење во домаќинствата и во индустријата. Со нашето работење, успеавме да изградиме препознатлив бренд на услуги, производи и квалитет кај секој производител во прехранбената и хемиската индустрија.

Нашата палета на производи покрај основните прехранбени суровини содржи и специфични суровини, производи и полупроизводи како за прехранбената така и за хемиската индустрија.

Покрај понуда со висококвалитетни суровини за индустриска употреба, на своите клиенти им помагаме со стручни совети и консултации како преку нашите вработени така и преку стручниот тим на нашите партнери кои ги застапуваме и чии производи ги дистрибуираме. Искуството и знаењето на нашиот тим и тимот професионалци на нашите партнери е на Ваше располагање. 

Најдобар показател за успехот кој го постигнавме во оваа сфера е долгогодишната соработка со европски познати брендови за кои сме ексклузивни дистрибутери.

Благодарение на нашата ефикасност заедно со досега стекнатото знаење и професионално искуство, денес БКС експорт-импорт има водечко место во дистрибутивната дејност во Македонија и Косово, со квалитетен кадар кој опслужува повеќе од 1000 клиенти.

Зашто би нѐ избрале нас:

  • Имаме понуда на високо квалитетни суровини на високо реномирани компании
  • Добивате квалитетни суровини со конкурентни цени
  • Ви стоиме на располагање со нашето знаење и знаењето на стручниот тим на професионалци на нашите партнери
  • Континуирани и навремени испораки

Нашата визија е континуирано да се надградуваме, напредуваме и да растеме заедно со нашите клиенти.  Да продолжиме да бидеме синоним за успешна компанија која се грижи за потребите на своите клиенти и при тоа поставува сѐ повисоки стандарди во дејноста, во чекор со новите потреби на пазарот и со барањата на нашите клиенти. Ние сме горди во остварувањето на нашата визија со тимска работа и целосна посветеност кон задоволување на потребите на нашите клиенти.

We are lucky company, who works with us will grow up together with us! (Rainer Dörr, 19.12.1946-12.09.2018)