Безбедност на храна

Сознанието колку е важна безбедната храна за здравјето на луѓето расте како во светот така и кај нас. Ние постојано ги следиме современите барања и се прилагодуваме на нив.

Производите кои ги нудиме се со документи за безбедност и потврда за квалитет, сите се од реномирани производители кои ги следат новите технолошки достигнувања и инвестираат во постојано подобрување на своите производи.

Суровините се со сертификат за квалитет, безбедносен лист и производен сертификат. Амбалажата е според современите стандарди за пакување и дистрибуција на овој тип производи.

БКС Компани Скопје и BKS ShPK Приштина заедно со своите партнери континуирано ги надградуваат сопствените стандарди за квалитет и безбедност на производите што ги дистрибуираат.