Деловни партнери

Curt Georgi e реномиран германски производител на ароми, мириси и адитиви за цигари.    Компанијата е основана во 1875 година од страна на Керт Роберт Георги во Лајпциг, Германија и зад себе има повеќе од 140 години искуство и квалитет во индустријата за ароми и мириси. Компанијата е сè уште во фамилијарна сопственост.

Денес, седиштето во Boeblingen, во близина на Штутгарт, со производствени погони  на површина од 5.500 квадратни метри. Curt Georgi  соработува со претставници на сите континенти и обезбедува брза и сигурна достава  во повеќе од 60 земји во светот.


Candy Cocoa од Србија е долгогодишен производител на висококвалитетно природно и алкализирано какао во прав  и како докажан  производител на какао во прав ги задоволува сите специфични потреби и барања.

Мотото на компанијата е  квалитет, безбедност и брза испорака. 

Од 1995 година постојано го развиваат и го подобруваат производството на единствениот “Candy Subotica” (какао во прав)  и продобиваат нови клиенти со вкусни и квалитетни производи.

Во нивната понуда е вклучен и природен до алкализиран какао-прав и широк спектар на различни видови какао во прав во зависност од потребата од производство.


CheCoMa од Бугарија  е агенција за консултации во хемиската индустрија, дистрибуција на специјални хемикалии за козметика, средства за лична хигиена и средства за хигиена во домаќинството.

Мотото на компанијата е коректност и компетентност.


Design Rs е еден од најголемите производители во регионот на овошни препарации: топинзи, овошни полнења, овошни пасти и други производи за потребите на индустријата за сладолед, пекарската индустрија, индустријата на безалкохолните пијалоци и HoReCa.

Производната фабрика се наоѓа во Књажевац, на околу 300 километри југоисточно од Белград. Близината на овоштарникот овозможува квалитетна база на овошје неопходни за процесот на производство, со висок квалитет на суровините.

Седиштето на компанијата, продажбата и маркетингот се наоѓаат во Белград.

Desing ги регистрира сите негови производи за овошје наречен FruitRevolution © и нивните производи го наоѓаат својот пат на пазарите во цела Југоисточна Европа.


AAK производител од Шведска со 140 години искуство во иновирање и прилагодување на решенија базирани на растителни масла и масти за потребите на индустријата за храна, кондиторската индустрија и козметиката (овластени сме за дистрибуција на ААК производи само на Косовскиот пазар)

AAK e  прв избор за клиенти чие производство се базира на решенија за растителни масла кои имаат висок квалитет и додаваат вредност на прозводот.  ААК е еден од водечките производители на специјалитети и полу-специјални растителни масла и масти.